Занимливости кои ги донесе вчерашното Ел Класико
Барселона никогаш како во 2015 година
Возбудливото Ел Класико на Ноу Камп понуди мноштво на интерсни податоци…
Во последните 14 лигашки натпревари помеѓу Барселона и Реал Мадрид Каталонците славеле дури 9 пати, со две реми и три победи на Мадриѓаните.
Интересен е податокот дека Барселона никогаш во историјата не отстварила 18 победи во првите 20 натпревари во календарска година. Така 2015 по овој параметар е најуспешна година за Барселона.
Барселона имала посед на топка од 52,36% што е најмалку во целата сезона.
Меси со 13 асистенции во Ел Класико стана најдобар асистент на овие натпревари во 21 век.
Реал (6) и Барселона (5) имаа најмногу жолти картони од било кој друг натпревар сезонава.
Во своите единствени два настапи во Ел Класико, Луис Суарез запиша погодок и асистенција.
Во последните 18 Ел Класика ниту една од екипите не успеа да ја зачува својата мрежа.
Кристијано Роналдо со својот 15 гол во Ел Класико го стигна Раул, а пред него се само Ди Стефано со 18 и Меси со 21 погодок.
{loadposition content9}


