Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца
Патронажните сестри направиле 120 посети во понедостапните села во Охрид и Дебрца.
Патронажните сестри посетиле 120 лица во руралните средини во Охрид и Дебрца. Од почетокот на акцијата 5 март досега се прегледани овие лица во руралните средини, информира в.директорката на Здравствен дом, д-р Катерина Димитрова. Проектот е во рамките на „Здравје за сите“, кампања на ресорното министерство.
„ Посета се врши на стари и изнемоштени лица кои тешко имаат пристап до здравствениот систем. Патронажните сестри со возила на Здравствен дом со претходно најава се договараат за терминот на посетата па тогаш и ја прават посетата, посочува д-р Димитова.
За реалиција на посетите се ангажирани 13 патронажни сестри од Здраствен дом Охрид. Тие одат во посета на стари и изнемоштени лица, бидејќи најчесто во руралните средини нема амбуланти. Мерат крвен притисок, шеќер во крвта и холестерол, даваат медицински совети,а доколку има потреба ги советуваат пациентите да се јават кај матичниот лекар, појаснува д-р Димитрова.
„ Според извештаите на патронажните сестри и во однос другиот проект кој течеше во градот Охрид најчесто се открива скреиниот убиец покачен притисок , најлесто луѓето не се свесни дека гоимаат , многу често се чувствуваат здраво .а д аим се открие покачен пристиок и дијабет, кажува д-р Димитрова.
Проектот „Домашна визита“ во руралните средини ќе трае до 7 мај. Станува збор за спроведување на 6- ти цуклус по претходно реализираните кампањи во кои целни групи биле различни категории на населението, меѓу кои и повозрасни граѓани од градот Охрид.
{loadposition content9}