Каде ќе се дислоцира градскиот пазар
Каде ќе се дислоцира градскиот пазар кога ќе отпочнат градежните работи на современиот затворен пазар. Ова прашање го поставуваат пазарџиите, но од Локалната сеуште немаат одговор. Закупците на тезги во пазарот бараат подобрување на безбедоносните услови на пазарот без разлика каде ќе биде сместен.
Се бара идејно решение за изградба на затворениот градски пазар. Во тек е конкурсот на ГП „Илинден“ за изнаоѓање најдобар проект според кој ќе се гради совремемниот зелен пазар. Од Локалната велат дека конкурсот треба да заврши до месец мај после што веднаш ќе се започне со реализација на проектот. Според нивните најоптимистички предвидувања камен темелникот за новиот пазар ќе се стави уште во текот на ова лето. Но во Локалната она што сеуште не го знаат е локацијата на која ќе биде привремено сместен сегашниот пазар. Во јавност се спомнуваат две локации. Едната е на паркингот зад новата зграда на Ремис, а другата е кај сегашниот кванташки пазар, во непосредна близина на автобуската станица. Пазарџиите со свое мислење за овие можни локации.
Ако е кај автобуската тоа ќе биде многу лошо решение, овде на паркингот е подобро зошто граѓаните се навикнати да пазарат в центар, вели еден закупец на тезга.
Ние сеуште ништо не знаеме. Како ќе е така. Кој му одговара ќе закупи тезга кој не нема, вели друг
Пазарџиите реагираат и на условите кои ќе ги имаат на новата привремена локација на пазарот. Тие велат дека ако досега пазарот не беше осветлен, немаше обезбедување и имаше еден куп недостатоци, на новата локација сигурно ќе е уште полошо. Реагираат дека многу често на градскиот пазар се случуваат и кражби. Тоа го потврдуваат и аналитичките податоци со кои располагаат во СВР Охрид. Според нив во изминатите три месеци заклучно со 06.03 случени се седум кражби од кои четири се расветлени. Со цел намалување на овие проблеми неодамна СВР заедно со бизнис заедницата, сопствениците на дуќените во градскиот пазар и преставници на ЈП „Градаски Пазар“, одржаа средба на која се дискутираше како да се анулираат токму овие недостатоци. Од СВР ветија дека се што е во нивни домен околу подобрувањето на безбедноста на пазарот, ќе го направат.
Ние веднаш по состанокот оформивме засилени тимови кои се присутни на терен. Имаме униформирани полициски службеници, но и полициски службеници кои се од криминалистичка полиција. Тие секојдневно патролираат во и околу пазарот со што во голема мера е подобрена безбедноста, вели Стефан Димоски -портпаролот на СВР Охрид.
Димоски кажува дека безбедносни мерки ќе се превземат и на новата локација на градскиот пазар без разлика каде ќе биде. Инаку, дислокацијата на пазарот единствено им оди во прилог на зелените пазарчиња на кои им се намалува конкуренцијата иако поголемиот дел од нивните сопственици велат дека и вака не се посебно засегнати. „Ние одиме со пониски цени така што градскиот пазар не ни е некоја конкуренција бидејќи цените на производите за десет посто се повисоки од кај нас па ние си имаме стална клиентела што пазари во нашите објекти“, објаснуваат тие.
{loadposition content9}