Skip to main content

И ова лето ќе се оди за Поградец со брод

Линијата Охрид-Поградец која беше промовирана минатата година ќе функционира и оваа. Интерес за тоа има и кај патниците и кај превозниците. Се прават напори за поедноставување на административните процедури при преминувањето на границата, информираат од Охридската Капетанија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
brod
брод

 

Водената линија Охрид-Поградец ќе функционира и ова лето. Од охридската капетанија велат дека по се изгледа редовно ќе се воспостави од први јуни, но најавуваат дека уште во мај ќе се организираат неколку тури бидејќи кај сопствениците на бродовите има интерес за тоа. Капетанот на охридската капетанија, Горан Устијаноски објаснува дека интензивно работата на поедноставување на процедурите за спроведување на овие екскурзии.брод

Се подготвуваме да елаборираме на таа тема и да ги упростиме граничните процедури  односно пријавувањето на  списоците со патници да биде наместо 24часа пред тргнување, 12 часа бидејќи имавме забелешки од  страна на бродарите. Тоа ќе го предложиме до нашето МВР па потоа и до албанското. Целта е да ги сведиме на минимум административните процедури, вели капетанот Устијаноски.

Интерес за оваа релација има, вели капетанот. Минатото лето од 20 јуни до крајот на септември биле организирани 15 тури на релација Охрид-Поградец или 1200 патници се возеле  по овој воден пат. Сите бродови ги исполнуваат условите за да сообраќаат на оваа релација па дали ќе реализираат дел од турите зависи од нивните менаџерски способности, објаснува Устијаноски.

Економска оправданост  сигурно дека имаат. Се работи за приватни фирми кои ако немаат економска оправданост воопшто нема да се нафатат да возат на оваа релација, категоричен е Устијаноски.ohrid-pogradec

Капетанот објаснува дека најзаинтересирани патници на релација Охрид-Поградец биле странците и нашите иселеници. Не е мал бројот и на охриѓани кои патуваа на оваа релација вели Устујаноски. Тој кажува дека ова лето еднаш до два пати неделно ќе се оди за Поградец а цената на билетот по се изгледа ќе остане иста како и лани и ќе изнесува 600 ден.

Инаку, Охридската капетанија деновиве интензивно работи и на одбележувањето на водените патишта. Проектната документација е веќе изготвена, а до крајов на неделава или во почетокот на идната треба да се распише јавен повик за изнаоѓање најдобар понудувач за набавка на пловки и друг материјал со кој ќе се обележуваат тие патеки. На овој начин, објаснува капетанот ќе се зголеми безбедноста на капачите, а и ќе се направи поголем ред во водениот сообраќај. Ќе се поставуваат и пловидбени знаци на брегот на езерото за што веќе е изготвена проектна документација. Двата проекти треба да се реализираат до средината на јуни.

{loadposition content9}