Пред многубројна публика, на конференцијата за девелопери, водечките луѓе од Facebook објавија побогато искуство на користење на Facebook Messenger. Кога се мисли на побогато искуство тие сакаат да кажат дека се работи на интересна содржина која е достапна благодарение на надворешни апликации кои ги користи Facebook за да им овозможи на корисниците (600 милиони активни корисници) позабавно допишување.
Моментално се достапни 40-тина апликации кои овозможуваат со пораките да праќате разни забавни GIF-ови, да креирате анимирани текстови, да ставате бркови на сликите и слично.
Апликациите се достапни со кликнување на трите точки кои се наоѓаат на долната страна, каде можете да инсталирате било која од нив која е во понудата, а потоа таа ќе се појави на десктопот на вашиот мобилен уред. Кога ќе кликнетена неа ќе можете да изберете на кого сакате да му ја пратите преку Facebook Messenger, додека од друга страна истата можете да ја користите и во самиот Facebook Messenger.
Доколку сеуште не ги гледате трите точки во долниот дел на екранот, сѐ што треба да направите е да ја исклучите и повторно да ја вклучите апликацијата Facebook Messenger.
{loadposition content9}