Skip to main content

Од ЈП Нискоградба негираат дека во езерото испуштиле фекални води

Од ЈП Нискоградба негираат дека во езерото испуштиле фекални води.

 |  Валентина Неловска  | 

Од ЈП Нискоградба негираат дека испуштиле фекални води во езерските води во близина на Капетанија.  Некои граѓани и портали јавуваа за испуштање на фекални води во езерото по вчерашните врнежи. Написите беа поткрепени со видео снимка и фотографии.  Ваквите тврдења ги демантираат од претпријатието, посочуваат дека проблемот настанал по прегорување на пумпата од шахтата каде што се собира атмосферската канализација, информира Ѓоко Довлев од ЈП Нискоградба.
 
„ Ние имаме секундарен колектор ако беше така ќе ја  пуштевме во секундарниот колектор целата фекална вода, а не во езеро. Наша обврска е да го заштитиме езерото и да го одржуваме системот и фекалната и дождовната канализација“, вели Довлев.
ohridsko ezero
Во близина на Капетанија собирање на атмосферска вода е стар  проблем. Од Нискоградба го потврдуваат тоа ама не гледаат  решение за состојбата бидејќи граѓаните се несовесни.

„ Се собира вода во големата шахта и при најмало собирање кога ќе установиме мора да го решиме кога ќе е пумпата за менување интевенираме и на другата шахта , но никогаш не сме испуштиле фекалии во езерото“, уверува Довлев.

Ова е официјалното објаснување од претпријатието. Јавноста и медиумите можат да го прифатат или да се сомневаат со оглед на тоа дека не се ниту стручни ниту компетентни да ги утврдат фактите.

ohridsko ezeroНо, се отвара прашањето дали во меѓувреме интервенирале наделжните инспекциски органи после написите на порталите и дали излегле на терен за да направат увид на лице место. Ние се обидовме да дознаме дали општинскиот инспектор излегол на терен.

Општинскиот инспектор  не излегол на терен. Се оградува од надлежност и не упатува по одговор до Државниот инспектор за животна средина. Тој е со седиште во Битола и нема информаци за случајот.
Државен инспектор за животна средина за охридско струшкиот регион нема веќе 2 години.  Од ресорното Министерство информираат дека чекаат одобрение за пополнување на оваа позиција  од Министерството за финансии.  Очигледно на надлежните не им се брза да го пополнат местото а во меѓувреме регионот  е оставен на милост и немилост  без вистинска  еколошка заштита и надлежен орган кој ќе ги следи и санкционира еколошките престапи.

{loadposition content9}