Магазинот Fortune го цитира директорот на најголемата технолошка компанија дека планира да го донира своето богатство, кое се проценува на 785 милиони долари, во добротворни организации откако на својот 10 годишен внук ќе му обезбеди образование.
“Сакам да бидам камче во водата кое ќе направи бранови на промени”, изјавил Cock за тој магазин.
Fortune проценува дека нето вредноста на имотот на Cook, само врз основа на неговото портфолио на акции во Apple, е околу 120 милиони долари, а поседува и акции со кои сеуште не може да располага кои се вредни 665 милиони долари.
Оваа најава на 54 годишниот Cook е само уште една во низата примери на филантропија на најбогатите луѓе во светот.
Милијардерот и финансиер Warren Buffet ги охрабрува богатите луѓе да донираат барем половина од своето богатство низ иницијативата “Giving Pledge” со која членовите ветуваат дека најмалку половина од своето богатство ќе го донираат за живот по смртта, а во која веќе се приклучија Bill Gates од Microsoft, Mark Zuckerberg од Facebook и Larry Ellison од Oracle.
Иако дарежливоста на Cook не може да се мери со онаа на Gates или Zuckerberg, директорот на Apple изјавил за Fortune дека се надева дека токму тој ќе биде оној кој ќе направи промени.
{loadposition content9}