Skip to main content

70 години хуманост и посветена работа на Црвен крст-Охрид

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, денес прославува 70 години од своето основање. Со интересни перформанси од волонтерите на Црвениот крст, членовите од Клубот на млади, како и најмалите од БрејнОБрејн програмата, денес целиот град, имаше можност да го прослави нивниот фантастичен јубилеј.

 |  Мишел Наумоски  | 
crven krst
црвен крст

 

Најхуманата, исклучително почитуваната и посветена организација, Црвениот крст од Охрид денес го прославува својот прекрасен јубилеј. 70 години постоење, 70 години посветеност и хуманизам, 70 години од основањето на оваа општинска организација. Со свечено дефиле од пред споменикот на основачот на Меѓународната организација на Црвениот крст, Анри Динан, денес, волонтерите, раководството, сите членови, поддржувачи и соработници на охридскиот Црвен крст ги започнаа чествувањата на нивниот јубилеј. Весна Терзиоска, потпретседател на О.О на Црвениот крст од Охрид, вели дека не само досега туку и отсега и уште попосветено ќе ја шират идејата за хуманизмот низ нивните проекти.

jubilej crven krst„Како и досега, Црвениот крст е секогаш во служба на граѓаните, на оние на кои им е најпотребна помош, продолжува со своите активности, имаме многу проекти кои што ги работиме и ќе ги работиме во иднина. Во однос на едукативните програми, во однос на здравствено-превентивната дејност, спасителство на вода, меѓутоа ова денес ни е многу голем ден, ние сме пресреќни бидејќи сме тука, заедно со нас се гостите од нашите збратимени градови, тука ни се гости од Бар, Суботица, Ужице, Крагуевац и оваа можност ја користам да ги поканам сите граѓани на Охрид, сите хумани луѓе, сите поддржувачи, пријатели, претставници на институции, да бидат вечер со нас кога го прославуваме овој голем јубилеј, 70 години.“-вели Весна Терзиоска-потпретседател на О.О на Црвениот крст од Охрид.

70 Crven krst OhridВо прославата на 70 годишниот јубилеј, учествуваа и организациите на Црвениот крст од збратимените градови како Бар, Суботица, Ужице, Крагуевац. Зорица Црнчевиќ од Црвениот крст од Бар, Црна Гора, вели дека во соработката со охридскиот Црвен крст многупати се докажало дека оваа општинска организација е една од најдобрите во Македонија.

„Она што јас можам да го пренесам од ЦК Охрид е реализацијата на неколку прекрасни програми, исклучителна соработка со значајни институции и организации во Охрид. Прекрасни се нивните проекти кои се однесуваат на младите, а најважно е што на најубавиот можен начин се шири идејата за хуманизмот, се развиваат хуманитарните односи помеѓу луѓето и таа идеја се пренесува и надвор од Охрид и преку границите на Македонија.“– рече Зорица Црнчевиќ-О.О на Црвен крст-Бар, Црна Гора.

Инаку денес, на плоштадот имаше кореографија од клубот на млади на ЦК од програмата „Промоција на хумани вредности“ кои играа на песната „Хепи“, понатаму децата членови на Бреинобреин ЦК центарот изведоа две музички точки, а свој перформанс имаа и младите од програмата „Story hour“ или „Час за приказни на англиски јазик“. Охридскиот Црвен крст на плоштадот имаше и штандови на кои беа прикажани сите нивни активности, а беа делени и промотивни материјали, флаери, знакови од ЦК и балони. Прославата на нивниот јубилеј завршува со вечерашната свечена академија во Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}