Охридските стрелци повторно ја однесоа победата
Во второт Куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма, Скопје 28.03.2015 првото место во екипен пласман-пионерки им припадна на стрелците од стрелачкиот клуб „Охрид“ со резултат од 474 кругови, во состав:
Во второт Куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма, Скопје 28.03.2015 првото место во екипен пласман-пионерки им припадна на стрелците од стрелачкиот клуб „Охрид“ со резултат од 474 кругови, во состав:
Стефани Ефтимовска (165)
Мартина Кочоска (157)
Симеона Милеска (152)
Второ место во екипен пласман за пионерките од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 435 круга, во состав:
Луана Попоски (155) круга
Мила Василеска(140)
Срна Аголи (140)
Во поединечна конкуренција Стефани Ефтимовска се пласира на второто место со резултат од 165 кругови (подобрувајќи го за 10 кругови својот резултат од настапот на првиот Куп). Големо изненадување на овај Куп направи Марија Магдалена Шишкоска постигнувајќи резултат од 163 круга (со скок од 14 круга во однос на првиот Куп) која се пласира на третата позиција.
Како четвртопласирана заврши Мартина Кочоска со резултат од 157 кругови. На седмата позиција заврши Луана Попоски со резултат од 155 круга, додека Симеона Милеска се пласира на деветтата позиција со резултат од 152 круга (пад на резултатот во однос на првиот Куп за 13 кругови).
Кај пионерите повторно пријатно изненадување:
Петрит Аголи со резултат од 155 кругови (за цели 32 кругови подобар од првиот Куп) се пласира на првата позиција оставајќи го зад зебе Никола Петров од Кавадарци (143) со 12 кругови разлика.
{loadposition content9}