Роботи на Google во операционите сали
Некои од проектите од тајната ”X” лабораторија на Google се поврзани со медицината

Некои од проектите на Google кои се развиваат во тајната “Х” лабораторија се поврзани со медицината и роботиката. Еден од последните проекти се поврзува токму со овие две работи, во соработка со компанијата Johnson&Johnson се развива платформа за развој на “роботи асистенти” кои би требало да им помагаат на хирурзите во изведување на операции, а во иднина операциите би можеле да ги изведуваат и самите роботи.
Бројни научници и експерти како на пример Bill Gates до сега повеќе пати предупредуваа на забрзаниот развој на роботиката и вештачката интелегенција и дека во иднина многу работни места на луѓето ќе ги завземат роботи, на пример возачи, келнери и доставувачи, а што се однесува до медицината, денес е тешко да се замисли робот во потполност да изведува операција, но би можел да биде од голема помош како асистент.
Имено, Johnson&Johnson произведува и медицинска опрема, а Google во рамките на овој договор ќе истражува нови начини каде нивниот софтвер и хардвер ќе ја подобрат оваа опрема.
“Со нашата соработка на полето на напредна хируршка роботика ќе профитираат хирурзите, пациентите и целокупниот здравствен систем”, објавиле од Johnson&Johnson по повод партнерството со Google, и додале дека заедно ќе направат платформа со која ќе се интегрира напредната технологија во операционите сали.
Користењето на напредната роботика при операциите ќе им овозможи на хирурзите подобар пристап, контрола и точност при изведување на операцијата, а ваков начин на операции ќе ги намали лузните и траумите на пациентите, додека опоравувањето по операцијата ќе биде побрзо.
{loadposition content9}




