На терен ќе се бараат причините за зголемениот број на заболени охриѓани од тиреотоксикоза
На терен ќе се бараат причините за зголемениот број на заболени охриѓани од тиреотоксикоза.
На терен ќе се бараат причините за зголемениот број на заболени охриѓани од тиреотоксикоза. ТВМ Телевизија веќе информираше за ова заболување, на штитната жлезда, од кое во 2014 година достигна број од 1537 заболени, а само пред 10 години во 2005 година таа бројка била 67 пациенти со дијагностицирана тиреотоксикоза. Најмногу заболени се жени на возраст од 45 до 54 годиша возраст. Д-р Атанаско Михаилов дир на Центар за јавно здравје информира дека ќе ги алармираат надлежните со податоците за ова заболување.
„Секако по било која индикација за зголемениот број ќе се пушти извештај до Министерството за здравје и до Институтот за јавно здрвје каде што ќе побараме да видиме која е причината и да се направат испитувања на теренот. Ако бројот на тиреотоксикозата е алармантен тогаш ќе ја видиме причната има голем број причини за ова заболување и ќе провериме ако има можност од превенција ќе се преземат сите мерки за да се превенира тиреотоксиокозата“, вели Михаилов.
Михаилов напоменува дека податоците од одделението за социјална медицина ги обработуваат и аналзираат сите податоци кои ги добиваат од матичните лекари. Доколку е потребно статистичките податоци понатака се доставуваат до Институтот. Од алармантите показатели од Центрите на јавно здравје досега се преземени низа акции со превентивни мерки, информира Михаилов.
„ Една од акциите е Здравје за сите. Мерење на шеќер, холестерол, тежина кај населението, детекција и рано откривање на карционом на дебело црево. Се правеше мамографија кај жените и тоа се програми кои се влезени во Министерството за здравје по индикатори заради зголемен број на заболување“, информира Михаилов.
Должност на Центрите за јавно здравје е да преземаат акции за спречување на заразните и хроничните заболувања. Мерките се однесуваат и за заразните заболувања кои бараат итна интервенција, но и за хроничните заболувања кои според некои индикатори се во тенденција на пораст и се потребни начини за нивно спречување.
{loadposition content9}