Skip to main content

Советот на Хидробиолошкиот Завод апелира за строга заштита на Студенчишкото блато

На седницата на Советот на Хидробиолошки Завод, одржана на 28.11.2014 година беше разгледувано Барањето за мислење по однос на измените и дополнувањата на ГУП за Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
завод
zavod

blatoНа седницата на Советот на Хидробиолошки Завод, одржана на 28.11.2014 година беше разгледувано Барањето за мислење по однос на измените и дополнувањата на ГУП за Охрид.

Ставот на научните работници кој се однесува за Студенчишко блато е следниот: „Советот посебно апелира да се обрне внимание на строга заштита на Студенчишко блато кое е природен резерват на ендемични растителни и животински видови и плодишта за многу видови ципринидни риби. На крај напоменуваме дека на овој локалитет треба да се избегнуваат секаков вид на градежни активности“.
Овој став стои и во записникот од Седницата и до него се држиме и денес, стои во соопштението од ЈНУ Хидробиолошки Завод, Охрид.

Д-р Дафина Гушеска, научен советник и член на Советот при ЈНУ Хидробиолошки Завод, Охрид.

{loadposition content9}