Две недели нема интернет во охридските школи
Две недели нема интернет во охридските школи.
Две недели охридските основни и средни школи се без училишен интернет. Менаџерските тимови и наставниците се снаоѓаат според можностите. Директоркатa на ОУ Григор Прличев, Силвија Мојсоска за настанатиот проблем објаснува дека без интернет конекција, кој го користат од фиксната телефонија, е само едната училишна згрaда каде што се одвива предметна настава, но се снаоѓаат за наставниот процес да тече нормално.
„ За електронскиот дневник не е проблем. Овде во училиштето имa интернет преку T-home интeрнетот е добар.Нема само во предметната настава. Електронскиот дневник некој го води дома, но може во секое време да дојдат во оваа зграда имaме медиотека во која има два компјутери со интернет мрежа и може да ја извршат задачата во врска со електорнскиот дневник“, потенцира Мојсоска.
Јордан Пуроски, претседател на актив на директори на охридските основи и средни училишта потврдува дека училишен интернет нема во сите образовни институтции. Подвлекува дека ваквата ситуација создава потешкотии, но не го попречува нормалното одвивање на наставниот процес. Посочува дека скоро во сите училишта имаат со фиксната телeфонија и ефтини пакети со интернет кој го користат во овој момент.
„ За наставниците кои имаат планирано ИКТ вршиме премостување на каблите и се снаоѓаме, овозможуваме интернет. Дел од наставниците елетронскиот дневник го водат во библиотеките или дома ако имаат интернет и ги внесуваат податоците. Добро е што имаме ваква солуција да ги извршиме подговтовките за екстерното отценување се ажурираат податоците за екстерното тестирање и сме подготвени“, вели Пуроски.
Претседателот на актив на директори на охридските училишта, Пуроски очекува проблемот да биде надминат за една недела. Во тек бил изборот на најповолен понудувач од страна на Министерството за образование и наука. Тендерската постапка била завршена, а во моментов тече рок за приговори и жалби за фирмите кои аплицирале, а биле одбиени.
{loadposition content9}