Разорната моќ на смртоносниот тајфун Maysaku кој во Микронезија однесе пет животи е видлива дури и од вселената.
Италијанската астронаутка Samantha Cristoforetti со фотографии го забележа поминувањето на тајфунот над островот Chuuk.
“Ова заслужува почитување, дури и од вселената”, напишала Cristoforetti со објава на фотографии на социјалните мрежи, пренесува News.com.au.
Тајфунот Maysaku во следните три дена би требало да пристигне до источниот брег на Филипините, а властите поради тоа издале предупредување до жителите како и до туристите. На Филипините војската е во состојба на приправност и се припремени резерви на храна и медицински материјали.
Maysaku помина над државите во Микронезија пропратен со ветар од 260 km/h, го удри островот Chuuk и продолжи кон пространиот архипелаг составен од 607 острови. Голема штета претрпеа училишта, медицински установи, јавниот превоз, потонаа рибарски бродови и подморници. Во сојузната држава Chuuk е прогласена вонредна состојба по штетите кои ги направи тајфунот.
{loadposition content9}