Пред охриѓани претставени избрани дела од творештво на Бранко Цветкоски
Пред охриѓани претставени избрани дела од творештво на Бранко Цветкоски.
Охриѓани се запознаа со избраните дела од литературното творештво на Бранко Цветкоски сместени во шест тома. Во животот на еден автор во творечкиот период доаѓаат преломни моменти кога се прави сметка со сето она што си го створил во животот рече во таа пригода врвниот македонски поет, критичар и есеист, Бранко Цветкоски.
„ Кај мене се совпаднаа минатата година моите 60 години и 40 години творештво. Минатата година се објави 6-томникот на моите избрани дела главно поезија, критика и есеистика. Во тие томови се направи валоризација на моето книжевно дело од страна на македонската литературна критика како и застапување на 18 книги на 18 светски јазици“, рече Цветкоски.
Со книжевното дело Цветкоски ја афирмирал земјата на сите меридијани во светото. Неговото поетско творештво е едно камче во мозаикот на нашиот национален идентитет. Критичарот Мите Стефаноски истакна дека со презентацијата се доближува до читателитецелокупното творештво наистакнатиот македонски творец.
„ Бранко Цветкоски со своето творештво е еден од нејзините творци кој во македонската поезија внесе автентичен поглед кој во рамките на својата генерација го имаше јазикот , а поетското творештво по неговите естетски и уметнички вредности е дел од врвот на книжената уметност и заради тие причини е застапен во македонската и светската антологија“, кажа Стефаноски.
Во 1 и 2 том од 6-томникот е направен избор на 12 негови поетски книги. Во 3 том е сместен изборот на толкувачката дејност на македонската литература, а во 4 том се застапени 38 текстови од македонски писатели кои ја толкувале неговата поезија. Во 5 и 6 том се печатени негови 18 книги преведени на 18 светски јазици.
{loadposition content9}