Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“
„Питу Гули“ ќе се реконструира. Од денес и официјално започнаа градежните работи на оваа сообраќајница. Ќе се гради со пари од Светска банка.
Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. Со два милиони евра, средства од Светска банка ќе се обновува оваа многу значајна сообраќајница во градов. Ова е почеток на реализацијата на долго најавуваните проекти со средства од Светска банка, а потпомогмнати од Владата на РМ и Министерството за финансии, рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Во наредниот период покрај реконструкција на Питу Гули ќе бидат реализирани уште два кружни тека и тоа на пресекот на булевар Туристичка и улицата Македонски просветители и на Туристичка со улица Бистрица, а ќе се реконструираат и пет улички во населбата Воска, ќе се направи патниот правец Елешец-Елшани, а ќе се набават и пет возила за ЈП „Комуналец“, рече Бакрачески.
На денешната свеченост по повод започнувањето со реконструкција на Питу Гули присуствуваше и Министерот за финансии, Зоран Ставрески. Тој рече дека во Охриде за прв пат после дваесет години повторно се прават вакви капитални зафати во инфраструктурата. Додадае дека со парите од Светска банка во градов ќе се направат 5 км локални и регионални патишта.
Инвестициите во инфраструктурата многу влијаат на подобрувањето на секојдневното функционирање на граѓаните. Сигурен сум дека со изградбата на оваа сообраќајница која е една од главните аорти во градов многу ќе се подобри протокот на сообраќај и ќе се избегнат оние тесни грла кои се создаваат посебно во летниот период од годината, рече Ставрески.
Ставрески кажа дека 2015та ќе биде година на развој на Охрид. „Очекуваме во првиот квартал од 2016 година „ОДВ ЕЛЕКТРИК“ да ја завршат изградбата на фабриката, а до септември годинава ни најавија уште 50 нови вработувања“, рече Ставрески. Тој нагласи дека во текот на изминатата седмица биле остварени средби и со раководството на „Костал“.
{loadposition content9}