Skip to main content

Доларот трета недела по ред во опаѓање

Курсот на еврото во однос на доларот зајакнува

 |  инфодеск  | 

На светските берзи доларот падна и минатата недела во однос на еврото, а тоа е трета недела по ред, а причината за тоа е успорувањето на растот на американската економија и поизвесното одлагање на федералната банка дека ќе ја одложи одлуката за зголемување на каматите.

Курсот на еврото зајакна минатата недела во однос на доларот за 0.7%, на 1,0970 долари, а во петокот во еден момент се проби над границата од 1,1 долар. Американската валута падна и во однос на јапонскиот јен, за 0,1%, па цената падна на 118,95 јени. Еврото пак во однос на јенот се зголеми за 0,6%, на 130,55 јени.

Минатата недела на светските берзи владееше внимателност, а курсот на валутите се движеа во незначителни граници. Но, доларот остро опадна во петокот откако во САД е соопштено дека во март бројот на вработени се зголемил за само 126.000 лица што е за половина помалку од претходниот месец и најмалку од крајот на 2013 година. Со тоа е прекината низата од 12 месеци на непрестан раст на вработеноста од 200.000, што не било забележано уште од 1994 година.

“Соопштението потврдува дека растот на американското стопанство се успорува што е веќе најавено со низа од други макроекономски показатели”, рекол Millan Mulraine, економист во компанијата TD Securities.

По објавата на соопштението, имаше остар пад на доларот во однос на другите валути бидејќи зајакнаа шпекулациите дека последица на слабите показатели е тоа што централната американска банка ќе го одложи планираното зголемување на каматите.

{loadposition content9}