Skip to main content

Се продава една од најголемите колекции на Swatch

Меѓу нив се наоѓаат и ограничени изданија со потписи

 |  инфодеск  | 

Една од најголемите приватни колекции на часовници Swatch на светот, која 25 години ја собирал пасиониран љубител, оваа недела оди на продажба во Хонг Конг и се очекува дека би можела да достигне цена поголема од 1,2 милиони евра.

Swatch внесе нов живот во швајцарската индустрија на часовници на почетокот на 80-те со својот имиџ на колорит и пластика и кои беа достапни часовници кои станаа култен феномен.

Оваа колекција од повеќе од 5.800 часовници, меѓу кои се и ограничени изданија со потписи на уметници како што се Kiki Picasso и Keith Haring, Sotheby’s ќе ги понуди во вторник.

Колекцијата е гордост на Paul Dunkel од Луксембург кој ги собирал часовниците насекаде по светот за време од 25 години. Тој пензиониран работник во осигурителна куќа не се одлучил толку лесно на тој чекор: “Не можам вака да продолжам, редот е на младите. Колекцијата беше во сеф, никој не можеше да ја види и зошто?”, рекол во надеж дека идниот купец ќе ја изложи некаде.

На почетокот на 80-те Dunkel бил колекционер на апстрактна уметност, Неговиот интерес за Swatch се покажал кога увидел дека некои од неговите најдраги уметници ги дизајнираат часовниците од таа марка. Купил неколку, за подоцна тоа да му прерасне во страст поради која патувал насекаде по светот за да набави некои примероци.

Неговиот најдраг примерок е сосема обичен часовник од 1994 година со бели овци и една црна на ременчето. Со него тој има и адекватна кравата.

{loadposition content9}