Skip to main content

Големите компании вложуваат во образование на своите вработени

Најголемиот ланец на кафетерии во светот на своите вработени им нуди бесплатно образование

 |  инфодеск  | 

Американскиот ланец на кафетерии Starbucks на своите вработени ќе им овозможи бесплатно образование на Универзитетот Аризона, давајќи им така прилика да се стекнат со диплома.

Ваква пракса Starbucks веќе спроведува кај некои свои вработени а сега таа прилика ја шират на поголем број лица кои работат во најголемиот ланец на кафетерии во светот.

Од компанијата соопштиле дека понудата е за 140.000 вработени или 75% од вкупниот број на вработени.

“Ваква програма првенствено е усмерена спрема нашите помлади вработени а посебно спрема оние кои немале финансиски можности само да си го платат образованието”, изјавиле од компанијата.

Онлајн предавањата на Универзитетот Аризона чинат околу 15.000 долари по година, што значи дека во следните десет години Starbucks ќе вложи најмалку 250 милиони долари за образование на своите вработени.

“Уште една корист од образованието на вработените ќе има и економијата на земјата која ќе профитира од образование на работната сила”, изјавил Претседателот на управниот одбор на Starbucks, Howard Schultz.

{loadposition content9}