Skip to main content

Дали нешто се готви во Центарот за култура

Ќе биде ли заменета актуелната директорка на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцевска, која моментално се наоѓа на породилно боледување. Дали нејзиниот заменик ќе биде новиот директор на Центарот за култура.

 |  Јаковлева Лионела  | 
teatar
teatar

Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Тој би бил наследникот на актуелната директорка Драгана Боцевска која моментално е на породилно боледување. Се почесто се вртат вакви разговори во охридската јавност па со цел да ја разрешиме дилемата го запрашавме Стојаноски дали навистина има инспирации за ова директорско место.

Не сум размислувал за тоа. Јас сакам да сум директор на охридскиот театар, вели Горан Стојаноски- раководителот на охридскиот театар.
goran stojanoski
Ваквите гласини ги демантираше и Боцеска. Таа вели дека до средината на април е на породилно боледување после што планира да го искористи годишниот одмор. Од месец мај се враќа на работа во Центарот за култура. Боцевска објаснува дека нејзиниот мандат трае до декември оваа година, па се дотогаш останува во директорската фотеља. Додава дека се во постојан контакт со Стојаноски кој моментално ја заменува и дека не постојат никакви несогласувања меѓу нив. Раководителот на охридскиот театар ниту го потврдува ниту го демантира ова. Тој вели дека вакум периодот кој се создаде во театарот и кој траеше речиси една година што резултираше со немање ниту една престава на репертоар, веќе е минато. Од септември па наваму се поставени пет премиери и се одиграни 72 престави. Стојаноски вели дека во моментов имаат стабилна екипа.

Од овој момент екипата е веќе театарска. Имаме двајца драматурзи, двајца режисери. Така да уметничката екипа брои десет луѓе а техничката 17 што значи дека создадовме театар во вистинскиот смисол на зборот, вели Стојаноски.центар за култура

Стојаноски признава дека работата на театарот, особено финансиите во многу зависат и од првиот човек на Центарот за култура, бидејќи овие две институции сега се под иста капа. Тој има свое мислење за нивното заедничко функционирање.

Тешко е но мислам дека може да се функционира доколку има добар менаџер на чело. Секоја институција треба да си биде независна, но да се надополнуваат една со друга. Ако секој си ја знае и си ја сака работата се може да функционира, вели Стојаноски.

Раководителот на охридскиот театар најавува уште многу проекти кои ќе се реализираат во наредниов период. До крајот на годинава планирано е да се постават уште четири премиери.

{loadposition content9}