Во охридската чаршија безправно се гради во близина на Али Пашината џамија
Во охридската чаршија безправно се гради во близина на Али Пашината џамија.
Во охридската чаршија на две локации се гради. Во близина на Али пашината џамија кај Чинарот отстранети се времени објекти за што граѓаните реагираат дека се подготвува теренот за градење. Во Амамот пак, се преземаат градежни зафати на дуќан поради што граѓаните се прашуваат дали смее да се менува ликот на трговскиот центар граден според идејно решение. Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска за ТВМ вели дека и за двата зафати не се побарани конзерваторски услови со кој заводот дава одобрение што е дозволено, а што не да се прави на објектите. Додава дека за случајот кај џамијата станува збор за бесправна градба која ја приајвиле до Управaта за културно наследство уште пред три недели.
„ За времените објекти кои се санираат во близина на Али Пашината џамија ние добивме пријава од непосреден сосед, веднаш реагиравме на пријавата. Излезе Комисија на лице место констатира што се работи доставивме извештај до инспекциските служби до Управата на културно наследство. Тоа е нашата ингеренција. Имам податок дека Управата има испратено до Државниот градежен инспекторат пријава за безправна градба, информира Паскали Бунташеска.
За градбата пак на другата локација во чаршијата, Паскали Бунташеска, вели дека доправа ќе испитуваат какви зафати се случуваат врз објектот кој е во рамки на Амамот, каде што досега беше продавницата на Орка спорт.
„ Никој нема пријавено, ние не знаевме дека нешто се работи. По вашето кажување ќе испратам екипи која ќе ја констатира и пријави дивата градба, вели Паскали Бунташеска.
За секоја градба и менување излог во старата охридска чаршија мора да се побараат заштитни конзеравторски услови од Завод и музеј. Тоа го налага законот за градба затоа што чаршијата спаѓа во заштитени споменичан целина. Градбите за кои ќе се констатира дека се диво градби се пријавуваат до Управата за заштита на културно наследство. Тие понатака испраќаат пријава до Државниот градежен инспекторат кој постапува според законот.
{loadposition content9}