Во северна Италија еден свештеник е разрешен и оддалечен од црквата под обвинение дека учествувал во хомосексуални оргии а партнерите ги пронаоѓал на интернет. Друг свештеник пак, на југот од Италија е под истрага поради убиство на една жена во парохијата.
Во црквата која ја води отецот Gratien Albi, свештеник од Конго, се пронајдени коски од жена под камените плочи во капелата. Тие припаѓале на Guerrini Piscagli, 50 годишна жена која исчезнала минатата година во близината на Арецо, пишува Independent. Италијанските медиуми пишуваат дека Albi со дотичната имал и дете. Тој ги негира сите обвиненија.
Случајот на северот од земјата е откриен кога 32 годишник од Rovigo, кој се наоѓа на половина пат помеѓу Венеција и Болоља, се обратил до медиумите бидејќи биле игнорирани неговите обвиненија на сметка на 50 годишен свештеник. Лицето тврди дека го запознал свештеникот на Facebook, а овој му ја признал својата хомосексуалност. Но, поголем проблем било тоа што признал и дека имал односи и со други свештеници како и со припадници на Швајцарската гарда кои го чуваат Папата, и дека партнерите за своите сексуални оргии ги барал преку интернет.
Лицето ја сочувал својата коресподенција со блудниот свештеник, а на надбискупот Taranto Filippe Santoro не му преостанало ништо друго туку да го отстрани од светата должност.
Портпаролот на Ватикан изјавил, за весникот Corriere del Mezzogiorno, дека се запрепастени.
{loadposition content9}