Skip to main content

Грција навреме ја исплати ратата кон ММФ

Испочитуван крајниот рок за отплата кон ММФ на јужниот сосед

 |  инфодеск  | 

Грчката влада денес го испочитува крајниот рок и го отплати делот од заемот кон Меѓународниот монетарен фонд во износ од 450 милиони евра, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на извори од министерството за финансии.

Уплатата е извршена во последен момент, во момент кога Атина води битка со цел да постигне договор со меѓународните доверители за нова помош за реформите кои оваа година предвидуваат додатни 3,7 милијарди евра државни приходи. Главниот дел на планот е борбата против затајување на данок.

Владата се надева дека од продажбата на пристаништето во Пиреја и 14 регионални аеродроми би можела да добие уште 1,5 милијарди евра.

Времето за Атина истекува и доверителите предупредуваат дека државната каса наскоро би можела да пресуши. Доколку договорот помеѓу Атина и доверителите не се потпише до крајот на април, Грција може да банкротира и да заврши надвор од еврозоната.

{loadposition content9}