Охридските средношколци од гимназија и економско излегоа на протестен марш
Охридските средношколци од трета и четврта година од гимназијата „Св Климент Охридски“ и од економското денес излегоа на протестен марш. Тие на Власта и порачаа, дека средношколскиот бојкот треба да се сфати сериозно и најавија дека ќе ја бојкотираaт наставата додека не им бидат исполнети барањата.
Неколку стотици средношколци денеска излегоа на протестен марш во Охрид. Тие ги повторија своите барања, враќање на стариот концепт на полагање на државната матура, како и да запре воведувањето реформи кои се лоши за образованието. Со пароли во рацете и скандирање „Македонска крвава матура“, „За секој експеримент потребни се глувци“, „Многу реформи -деформи“, „Имаме став, немаме страв“охридските средношколци денес околу 13 часот се собраа во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“, по што се упатија кон општинската зграда каде се задржаа малку и завршија на градскиот плоштад. Претставникот на средношколците кои протестираа, изјави дека Власта сериозно треба да го свати среденошколскиот бојкот, бидејќи нема да престанат додека не бидат прифатени нивните барања.
„Денес се собравме ние учениците претежно од трета и четврта година за да покажиме дека има слога, главно меѓу нашата генерација, меѓу помалите генерации не само на ниво во Охрид туку на ниво на целата држава. Нашата цел беше да покажиме дека не се плашиме да го искажиме нашиот став према лошите реформи кои за нас се тотално неприфатливи и несватливи. Тоа се подразбира враќање на стариот концепт на матурата, укинување на екстерното тестирање каде што не е логично ученик со настава од 8 месеци да биде тестиран во најопшти 30 прашања и тоа да биде пресудно за неговата иднина“ – вели претставникот на средношколците.
На протестот беа присутни и дел од родителите членови на Советот на родители и Училишниот одбор. Тие потполно ги подржуваат барањата на учениците.
„На 6 ти април дојде повторно писмо до гимназија од страна на Државниот училишен центар, концептот од државната матура се сменува за 90 степени. Што значи тоа, воведени се неколку нови предмети кои што треба учениците треба да ги полагаат, од тие причини по системот „пу пу шалили смо се не важи“ дотогашниот концепт на државната матура кој што на некој нашин на учениците му беше предложен во месец ноември не важи. Од тие причини Државниот испитен центар и Бирото за развој на образование како да ги натераа со сила учениците да излезат на улица“ – вели Рајко Домазетоски од Советот на родители.
Домазетоски категоричен дека врз средношколците се вршел одреден притисок за да не ја бојкотираат наставата и да не го одржат денешниот протестен марш.
„Денес е трет ден како учениците ја бојкотираат наставата а Советот на родители воопшто нема закажано средба во вакви услови. Од ова што го гледаме на телевизија во училиштата каде што има бојкот на наставата Советот на родители е во постојан контакт и во постојано заседание, тоа кај нас не е случај и можам да кажам и тврдам дека јас вчера разговарав со помошник на директорот а денес со директорот на училиштето дека се вршат опструкции на учениците по секоја цена да се откажат од бојкотот и маршот“– додава Домазетоски.
Тој тврди дека родителските средби кои се одржале синоќа не биле заради оваа прилика, бидејќи истите биле претходно најавени како редовни родителски средби за трето тромесечие. Но на истите имале огромна реакција за она што се случува во образовниот систем денес. Домазетоски исто така категоричен дека на родителските средби едногласно била прифатена иницијативата на учениците за бојкотот на наставата се додека не се врати повторно концептот на матура од 2013 година.
{loadposition content9}