Skip to main content

Кина гради железничка пруга под Монт Еверест?

Пругата треба да ги поврзува Тибет, Непал и Индија

 |  инфодеск  | 

Кина планира да изгради железничка пруга под Монт Еверест кој би требало да ги поврзува Тибет, Непал и Индија.

Како што пишува The Guardian , постоечката линија помеѓу Qinghai и Тibet би можела да се продолжи низ Монт Еверест, но кинескиот експерт за железници, Wang Menghsu истакнува дека проектот, доколку добие зелено светло, ќе се соочи со многу технички препреки.

Но, иако Кина го поддржа градењето на железницата под највисокиот врв на светот, точната рута и цената на проектот е непознаница, а поради тешкиот терен на висорамнината Тибет, возовите најверојатно нема да можат да возат со брзина поголема од 120 km/h.

Ако се земе во предвид дека идејата за железничка линија под Монт Еверест постоела и порано, но поради големи трошоци и стратешки препреки не е спроведена во дело, прашање е дали воопшто овој проект ќе биде реализиран.

{loadposition content9}