Skip to main content

Охрид полн со гости за Велигденските празници

Празнична атмосфера во Охрид. Амбиентот на градскиот плоштад во велигденски стил. Духовните светилишта полни со верници, со свеќи и молитва сите се подготвуваат за Христовото Воскресение. Градот полн со гости, најбројни се гостите од земјава и регионот Србија, Бугарија, Црна Гора, но за прв пат има многу групи од Израел, Романија, Турција и Украина.

 |  Николоска Биљана  | 
ukrasi
украси

veligden gostiВелигденските празници го наполнија Охрид. Тоа пред се се должи на четиридневното прославување на празникот. Присутни се гостите од соседството, но има и голем број домашни гости. А убавините на Охрид секогаш ги примамуват  гостите да го посетат ова културно историско место не само еднаш туку два и повеќе пати, како што кажаа гостите кои ги анкетиравме.  

„Многу ми се допаѓа Охрид, веќе 11 години доаѓам во лето и за Велигден. Ќе останиме во Охрид до среда.
Ни се допаѓа градот повеќе пати сме биел овде и ова место ни е омилено.
Овде се заљубивме пред 6 години, и веќе 7-8 пати сме овде ни се допаѓа местото, луѓето и се останато е супер атмосферата е пријатна и се е како што треба.
veligden gostiВчера дојдовме овде и се чиствуваме прекрасно, посебно не воодушеви езерото.
Градот е многу убав има што да се види“- велат гостите.

Гостите од Бугарија се најбројни за Велигденките празници во балканскиот Ерусали но и бројот на домашни гости не е за занемарување, вели Тоше Чочороски менаџерот на хотел „Силекс“. Тој додаде дека посебно го радува фактот што на Охридското крајбрежје се враќаат домашните туристи. Чочороски за одбележување на Велигденските празници на гостите им понудил специјална програма која била одлично прифатена, јагнешко и црвено јајце после 12 часот во сабота.

Карактеристично за нашата програма за нашите гости кои што престојуваат тука е организацијата на посета на една од Црквите и вечерата ја служиме веднаш после 12 часот се со цел гостите да имаат можност да го почуствуваат тој радосен дух да го дочекаат Воскресението Христово во еден од нашите православни храмови и од Црква понатаму организацијата се случува во ресторанот когас се служи вечерата збогатена со музичка програма“.

veligden gostiЗадоволни од бројот на гости се и од хотел „Инекс Горица“. За велигденските празници имавме интересна понуда, четири дена со три ноќевања на услуга ноќевање со доручек, вели Даниела Кароска

„Во моментов имаме најава за гости од Бугарија Грција Турција и група од Израел.  Секако дека имаме и домашни гости, заинтересираноста е голема во моментов хотелот конкретно за Велигденските празници е исполнет 70% а нашите очекувања се бројката да се зголеми“.

Во Охрид се чуствува Велигденската атмосфера. Градот е украсен во велигденски стил. Топлото време дополнително придонесе илјадниците гости уживаат во нашиот град покрај прекрасното Охридско Езеро.

{loadposition content9}