Skip to main content

Вечерва седми обид Реал да го победи Атлетико

Европската фудбалска сезона полека се ближи кон крајот

 |  инфодеск  | 

Вечерва се состануваат Атлетико Мадрид – Реал Мадрид и Јувентус – Монако, додека среда ги носи средбите помеѓу ПСЖ – Барселона и Порто – Баерн.

Воочи на средбата помеѓу Атлетико и Реал се поставува само едно прашање. Може ли кралскиот клуб конечно да го победи својот градски ривал? Оваа сезона играа веќе шест пати, но Реал нема победа. Атлетико четири пати славеше, а две средби завршија без победник.

Интересно е тоа што Атлетико од 1999 до 2103 година, значи 14 години, немаше победа против Реал, а оваа сезона тоа му успеа 4 пати.

“Мојата екипа има победнички карактер и тоа е клучот на успехот. Секако дека и ние имаме слабости, никој не е совршен. Но, се обидуваме да ги надминеме со големо залагање”, рекол стратегот на Атлетико, Диего Симеоне, додавајќи: “Ние секогаш играме на границата на нашите можности. Понекогаш тоа е доволно, а понекогаш не е”.

Последен пат Реал славеше против градскиот ривал во финалето на елитното натпреварување на Стариот континент победувајќи со 4-1 по продолженијата. Реал тогаш ја освои “La Decima”, десетти наслов европски шампион.

Вистина е дека минатата година Реал ја освои десеттата титула Европски шампион, меѓутоа, по двата кикса веднаш станав “идиот”. Ова е Реал и клубот не трпи неуспеси”, рекол италијанскиот експерт на клупата на Реал, Карло Анчелоти.

Анчелоти е свесен дека оваа сезона сеуште не го победил Симеоне, но се надева дека токму тој податок ќе биде додатен мотив за неговата екипа.

“Оваа сезона не сме го победиле Атлетико, но го знаеме начинот како тоа треба да го направиме. Само тоа мораме да го спроведеме на терен”.

Веројатни состави:

Атлетико Мадрид: Моја, Хуанфран, Миранда, Годин,Сикера, Туран, Габи, Тиаго, Коке, Гризман, Манџукиќ.

Реал Мадрид:  Касиљас, Карвахал, Пепе, Варан, Коентрао, Иско, Крос, Модриќ. Роналдо, Бензема, Бејл.

{loadposition content9}