Екипата од кнежевството приреди низа од изненадувања и стигна до четвртфиналето на елитното натпреварување каде сега ги чека италијанскиот првак Јувентус.
Монако во групата го освои првото место пред Баерн Минхен, Зенит и Бенфика примајќи само еден гол во шест средби, а потоа во осминафиналето го елиминира Арсенал.
“Кога си заминаа Џејмс и Фалкао, француските медуими ни предвидуваа европски дебакл и десетта позиција во француското првенство. Но, ние стигнавме до четрвртфинале, а во француското првенство сме трети”, изјави играчот за врска Мутињо. Португалскиот репрезентативец смета дека Јувентус е фаворит, но уверен е дека екипата од кнежевството може да продолжи да прави чуда. “Сосем сигурно е дека Јувентус е фаворит, но и Арсенал беше фаворит. Играме одлично, имаме добра атмосфера во екипата и имаме право да се надеваме на успех”, додал Мутињо.
Последен пат екипата на Монако играше во полуфинале на Лигата на шампиони во 2004 година кога во финалето загуби од Порто.
“Имаме млада и неискусна екипа, но сакаме да играме во полуфинале. Зошто да не? Мораме да останеме концентрирани во целиот тек на натпреварот. Тоа е клучот на успехот. Концентрација и фокус”, изјави тренерот на Монако, Леонардо Жардим.
“Сосема сигурно е дека нема да биде лесно. Монако е изнимно цврста екипа, не е лесно да се пробијат. Мораме да бидеме стрпливи”, порачал тренерот на торинската “Стара дама”, Масимилијано Алегри.
“Имаме екипа која е способна да ја освои Лигата на шампиони. Против Борусија ја покажавме вистинската сила. Се надевам дека нашата европска приказна ќе биде слична на онаа од Атлетико од минатата сезона, но со среќен крај”, изјави Карлос Тевез.
Веројатни состави:
Јувентус: Буфон, Лихштајнер, Бонучи, Кјелини, Евра, Видал, Маркизио, Барзаљи, Переира, Мората, Тевез.
Монако: Субашиќ, Фабињо, Валас, Абденоур, Курзава, Дирар, Силва, Кондогбиа, Мартиал, Мутињо, Бербатов.
{loadposition content9}