Старите видео ленти би можеле да вредат многу
Експертите веруваат дека VHS лентите ќе им се придружат на плочите
Оние кои ги уништиле плочите на познати музичари не ни помислувале дека тие денес за нив би можеле да добијат добра сума на пари, а истото би можело да се случи и со VHS лентите.
Со тек на времето, VHS лентите почнаа да исчезнуваат од просечните домаќинства, а беа затворени и голем број на видеотеки. Исто така, лентите веќе подолго време не се во центарот на вниманието и веќе предизвикуваат носталгија.
David Jinks порачал сите да ја научат лекцијата потсетувајќи се на плочите бидејќи беа отфрлени и несакани, а подоцна почнаа да добиваат значителна вредност, и притоа не се мисли на сентиментална туку на парична вредност.
“Многумина кои го купиле оригиналниот “The White Album” од Битлси го преслушуваа до уништување, а немале поим дека во иднина би можел да биде многу вреден. Сега вистинската верзија вреди и до 7.000 фунти”, вели Jinks.
“Денес видео лентите се сметаат за еднакво минливи како плочите некогаш и брзо исчезнуваат од нашите домови”, објаснува Jinks.
{loadposition content9}


