Живеј здраво, живеј безбедно
На градскиот плоштад денес вриеше како во кошница. Децата од охридските основни училишта со низа активности дадоа свој придонес кон одбележувањето на Светскиот ден на здравјето. Нив на едно место ги собра ОО на Црвен Крст Охрид, Локалната Самоуправа и Секторот за внатрешни работи.
Продолжуваат активностите за одбележувањето на светскиот ден на здравјето. Под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“, денес на градскиот плоштад, сите основци од Охрид со низа активности се приклучија кон одбележувањето на светскиот ден.
„Ова се дел од активностите кои овде не завршуваат тие се постојани најмалку еднаш до два пати во неделата од отсекот за превенција од Црвениот крст и од Локалната самоуправа заедно со Советот на родителите со директорите и родитлите во ОУ има постојани едукативни работилници и предавања во насока на безбедно и сигурно училиште од една страна а од друга страна паралелни работилници кои водат кон тоа децата сепак да конзумираат здрава храна“ – вели Јанев.
СВР Охрид во континуитет презема низа проекти кои што се поврзани на темата превенција од пороци, вели портпаролот Стефан Димоски. Додава дека тоа го прават не само во делот на борба против злоупотребата на дрога туку и во другите области од нивното превентивно делување. Димоски категоричен дека преку сите заеднички активности сакаат да го вградат кодот кај младите луѓе за отпор и кажување „не“ кон сите пороци пред кои што седат исправени.
„Зедно со локалната Црвениот крст и со другите институции градиме еден фронт со кој што ќе се спротивставиме кон сите пороци кои стојат пред младите луѓе и на еден начин се обидуваме да го изградиме фронтот на негативизам кон пороците и кон сите пороци кои што се деструктивни и негативно влијаат кон развојот на младата популација“ – нагласи Димоски.
По повод Светскиот ден на здравјето, сакаме да промовираме и да ја анимираме заедницата, односно преку анимирање на младите да промовираме здрав животен стил меѓу целната група и борба против пороците или болестите на зависност, вели Младен Божиноски од Црвениот крст Охрид.
„Во рамки на своите програмски активности Црвениот крст Охрид, посебно младинскиот клуб сме доста ангажирање во реализација и имплементација на активности од овој карактер, посебно према младата популација и целната група, имаме одлична соработка со сите основни училишта и се стремиме на едукација, информирање на кадрите кои се во период на адолесценција и кои се навистина засегнати од ова. Младите се тие кои се секој ден во искушение и да посегнат по ова кое им е лесно достапно“ – истакна Божиноски.
На активностите посветенина Светскиот ден на здравјето како и на борбата против дрогата, алкохолот и цигарите, здравјето како избор за долг и безбеден живот, со посебни програми настапија учениците од основните училишта и младите волонтери од Црвен Крст, а присутните ги посетија штандовите од Црвен Крст и НВО „ Опција“ каде се делеа флаери.
{loadposition content9}