Skip to main content

Продолжен рокот за пријавување за полагање Англиски јазик за таксистите

По барање на такси компаниите, рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик, се продолжува до 30 април 2015 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
taxi
такси

По барање на такси компаниите, рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик, се продолжува до 30 април 2015 година.

taxiПријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите да приложат:

1. М1/М2 образец не постар од 60 дена
2. Kопија од лична карта.

Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

Сакаме да истакнеме дека авто такси возачите нема да сносат никакви торшоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен. На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи  вработени во лиценцирани авто такси компании.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

{loadposition content9}