Ќе се реконструира Центарот за социјална работа Охрид
Започнува реконструкцијата на Охридскиот Центар за социјална работа. За време на реконструкцијата која веќе е отпочната службите на Центарот се поделени на две места. Лицата кои се ангажирање за остварување на правата се во зградата на детска заштита наспроти маларична, додека пак останатите служби за брак и семејство во Дневниот центар за зависници.
Охридскиот Центар за социјална работа ќе се реновира. Тој е дел од седумте центри на ниво на земјава кои ќе се реконструираат, за што Министерството за труд и социјална политика обезбеди средства во висина од 38 000 000 денари преку ИПА програмата на ЕУ. Како што нагласи директорот на Охридскиот Центар, Екрем Каљоши тие веќе отпочнале со подготовка за престојните зафати.
„Во моментот сме во фаза на преселување на материјалите во други простории каде што привремено ќе бидеме сместени со персоналот. Што се однесува каде ќе работиме, лицата ангажирани за остварување на правата како што се социјалното, негата, постојаната тие колеги ќе бидат сместени во детска заштита во зградата наспроти маларична. Додека останатите колеги кои работат на брак и семејство ќе бидат сместени во дневниот центар за зависници“ – вели Каљоши.
Со реконструкцијата како што нагласи Каљоши ќе се изврши целосно реновирање на центарот. Додаде дека истиот ќе биде опремен со нов мебел и опрема, ќе се смени дограмата а со тоа би се подобриле, не само условите за работа на нивните служби туку и на клиентите ќе им се обезбедат достоинствени услови за остварување на своите права од социјална и детска заштита.
„Од моменталниот габарит на објектот, предвидено е одредени простории кои што засега не беа искористени да добијат функција, имаме такви простории, малку креативност проектантите искажаа, некои наши забелешки во функционирање на тие простории, значи ги остварија нашите очекувања а сега останува да видиме како ќе биде реализацијата “– изјави Каљоши.
Како што најави директорот денес трабало да пристигне дел од новата опрема, а според неговите очекувања целата реконструкција на Центарот би била завршена за месец и пол дена.
{loadposition content9}