Skip to main content

„Купи куќа, купи стан“ презентацијата стартува од Охрид

Презентацијата од проектот „Купи куќа, купи стан“ која требаше да се одржи вчера во Охрид е презакажана за денес попладне, информираа од Министeрството за финанасии.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

logoПрезентацијата од проектот „Купи куќа, купи стан“ која требаше да се одржи вчера во Охрид е презакажана за денес попладне, информираа од Министeрството за финанасии.

Според најавите, сите заинтересирани граѓани ќе може да ја посетат презентацијата и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом во 17:30 часот во зградата на општина Охрид.

На презентацијата ќе бидат присутни претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании.

Караванот „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи наредните денови во Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Тетово, Велес и Куманово.

{loadposition content9}