Skip to main content

Се расчистува депонијата на градски гробишта Охрид

ЈП „Градски гробишта“  ја расчистува депонијата која 30 години стои на муслиманскиот дел од гробиштата. Реализацијата на оваа активност на ЈП ќе ја чини 500 000 денари за што е ангажирана фирмата Класик Компани од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
deponija
депонија

deponijaСе расчистува депонијата од градски гробишта Охрид. Првиот човек на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, вели дека со тоа решаваат еден од најгорливите проблеми на ЈП. На делот од муслиманските гробишта цели три децении стоеше, земја, градежен отпад, зеленило и останат смет. Годинава како што нагласи Симоноски, оваа активност за прв пат била вметната во програмските активности на општина Охрид, но и во неговаа програма со која конкурирал за директорската позиција.

„Отпочнавме денеска и за многу брз и краток временски период ќе го реализраме. Се работи за некаде околу 2000 м кубни земја, шут и секаков вид отпад кој што со фирмата која што го доби тендерот ќе биде дислоцирано на депонијата Мауцкер. Реализцијата на овој проект ќе чини некаде околу 500 000 денари“ – нагласи Симоноски.

deponijaСекретарот на исламската заедница од Охрид Газменд Хода, го поздрави овој чекор на Локалната самоуправа во соработка со ЈП и изведувачот. Тој  нагласи дека со овој потег градската власт докажува дека ветеното го остварува.

„Ова што е почнато денеска треба на јавноста да и се стави до знаење дека во иднина тука нема да има смет во близина на гробиштата на муслиманите“– вели Хода.

Од ЈП „Градски Гробишта“ предвидуваат дека ова место за две недели ќе биде сосема расчистено. Не откриваат детали што е понатаму предвидено да се прави со овој поголем потег, се додека не се донесе ДУП. Но како што најавија од ова ЈП откако ќе се заврши со реализација на овој проект ќе почнат да ги чистат одводните канали околу градските гробишта а ќе расчистуваат уште една мала депонија од северната страна на градските гробишта.

{loadposition content9}