„Штрајкот – декадентно право на работниците
Законот за работни односи во делот за штрајк е многу едноставен, но последиците за оние кои штрајкуваат не се едноставни и се злоупотребуваат од страна на Владата и Менаџерските тимови. Ова беше истакнато на денешниот регионален семинар кој се одржа во Охрид, во организација на УНАСМ во соработка со Европскиот Центар за работнилки права.
Штрајкот како декадентно право на работниците. Вака беше насловен регионалниот семинар кој денес се одржа во хотел Климетица Охрид, во организација на УНАСМ. Претседателот Слободан Антовски истакна дека неолибералната политика во Европа се обидува да го спречи штрајкот како едно од основните права на синдикатите, но пред неполн месец меѓународната конфедерација на синдикатите заедно со работодавачите на Европа успеаа да го задржат правото штрајк на работниците во Европа.
„Тука имаше расправа од големи експерти, штрајкот како последен модел на одбрана на синдикатите при одредени права кога ги губиме, макар да во пракса штрајковите во регионот и кај нас во Макадонија ги има но Законот е многу едноставен но последиците не се баш така едноставни за тие кој што ќе се решат на штрајк, се злоупотребуваат законите од Владата и менаџерските тимови, но како право ни останува и тоа е добро, доколку немаме начин на компромис со било која страна“ – нагласи Слободан Антовски, претседателот на УНАСМ.
Помеѓу Западна и Источна Европа има голема разлика во синдикалнот делување на штрајк, изјави експертот на Европскиот центар за работнички права, Роберт Вебер. Тој додаде дека треба да се изнајде правилниот пат и да се направат политички напори за да се почитуваат конвенциите кои што се донесени од страна на Меѓународната организација на трудот
„Единствениот совет кој што можам да го дадам на Македонија и другите земји кои што сакаат да бидат членки на ЕУ е да се подготват да ја донесат правилната одлука, можеби во период од 5-6 години, меѓутоа ако сакаат да бидат членки на ЕУ тогаш ќе мора да се подготват за да ја достигнат својата цел, затоа што кај нас синдикатите имаат строги правила не само да ги почитуваат оние принципи на ЕУ туку и оние на Меѓународната организација на трудот“-потенцираше Вебер.
За искуствата од Албанија околу правото на протести и штрајк, говореше Гзим Калаја, претседател на најголемото синдикално здруѓение од Р. Албанија. Тој истакна дека Македонија и Албанија во оваа сфера имаат одлични односи и соработка. Калаја категоричен дека проблемите на работниците од Македонија се исти со оние од Албанија и обратно.
„Учесници сме на сите синдикални состаноци од Македонија и Албанија. И денес сме учесници на оваа тема, а во оваа економска положба двата синдиката сме во тотална заштита на правата на работниците“– вели Калаја.
На регионалниот семинар „Штрајк- декадентно право кое произлегува од работните односи или ефективен механизам за заштита на работничките права и интереси“, присуствуваа претставници од земјите од регионот кои два дена во Охрид имаа свои излагања на оваа тема.
{loadposition content9}