Skip to main content

23 години постоење на Теквон До ИТФ Македонија

Жестоките момци од нашата тек вон до федерација денес со торта, свеќички и многу освоени медали и пехари го прославија својот значаен јубилеј.

 |  Мишел Наумоски  | 
tekvondo
теквондо

Многу пехари, медали во минатото како мотив и инспирација да се истрае и дочека денешниот за нив голем јубилеј. Теквондо ИТФ Македонија, денес прослави 23 години од своето постоење.

jubilej tekvondoВо друштво на своите борци, поддржувачи како и главните луѓе на федерацијата Саша Поповски и Марјанчо Лазарески со торта и свеќички одбележан нивниот јубилеј.

„Во секој спорт, или било која работа, секој почеток е многу тежок. Ние кога бевме пионери на овој спорт во Македонија, бевме и тренери и организатори и натпреварувачи. Полека со тек на време почнавме да прераснуваме во поголема организација, и да се прошируваме со повеќе клубови, а исто така и да постигнеме врвни резултати.“-вели Марјанчо Лазарески од Теквон до ИТФ Македонија.

Лазарески вели дека постигнатите успеси на бројните државни и меѓународни првенства не би можеле да се случат без нивните генерални спонзори ПН Метал и Нома метал, Агенцијата за млади и спорт, но и медиумската поддршка од ТВМ Телевизија. Инаку на денешната свеченост воедно беа доделени и сертификати за црн појас први дан на идните тек вон до натпреварувачи во Македонија.

{loadposition content9}