Skip to main content

Пожар во авион со политичари од Босна и Херцеговина

Авион на лет од Вашингтон кон Виена поради пожар се вратил на аеродромот

 |  инфодеск  | 

Авион на компанијата Austrian Airlines на летот од Вашингтон за Виена во кој биле неколку високи функционери на Босна и Херцеговина морал да се врати на аеродромот поради пожар, објавија босанските медиуми.

Во авионот биле претседателот на владата на федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ и гувернерот на Централната банка на БиХ, Кемал Козариќ и уште тројца владини фумкционери и советници кои се враќале во БиХ од заседанието на Меѓународниот монетарен фонд.

“Авионот полета од аеродромот во Вашингтон и по 45 минути лет  бевме известени дека поради технички проблеми на авионот, истиот мора принудно да се врати на аеродромот од каде што полета. Потоа  дознавме дека се запалил апарат за кафе. По слетувањето пристигна противпожарната служба, полицијата и брзата помош. Ние еден-два часа чекавме во автобуси, откако бевме известени дека авионот е неисправен”, рекол гувернерот Козариќ.

Иако некои медиуми јавија дека во авионот бил и министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак, гувернерот Козариќ тоа го негираше појаснувајќи дека шефот на дипломатијата на БиХ од Вашингтон отпатувал еден ден порано, јавува Хина.

{loadposition content9}