Откако Nokia го продаде својот оддел за паметни телефони на Microsoft, беше сосема јасно дека компанијата засекогаш се откажа од својата ориентација спрема пазарот на паметни телефони, но најверојатно не е така.
Компанијата неодамна го претстави својот N1 таблет во Кина, а спрема пишувањето на Recode, наводно во компанијата работат и на новата серија на паметни телефони која би требало да биде отворена следната година. Моментално може само да се нагаѓа за каков оперативен систем се работи, но веројатно станува збор за оперативен систем од “третиот свет”, бидејќи Nokia порано се обиде на пазарот со Android, но не беше успешна. Се надеваме дека оваа финска компанија има добри карти во ракавот и дека може да влезе во борба со конкуренцијата.
Како што пишува Recode, Nokia наводно спроведува и тестови на виртуелната реалност, но тие шпекулации не треба да зачудат бидејќи и остатокот на пазарните играчи работи на преносливи гаџети опремени со секакви сензори.
Што точно во Nokia моментално се спрема, останува да видиме на почетокот од 2016 година.
{loadposition content9}