Црните точки на Охридското Езеро ќе се решаваат и од македонска и од албанска страна
Органското и неoрганското загадување на Охридското Езеро сеуште претставуваат црни точки кои треба да се решат, со цел да се помогне во управувањето со природните ресурси во сливот на Охридскот Езеро. Тоа е закучок од проектот „Црно и Сиво наспроти Сино и Зелено“, кој го реализираа невладините организации „Локална агенција за развој“ од Струга и „Еуропартнерс Дивелопмент“ од Тирана.
Денес во Охрид се одржа завршна конференција на проектот „Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридското Езеро како алатка за зачувување и заштита на природните ресурси“ каде беа сумирани заклучоците од проектните резултати . Главната цел на проектот е да се помогне во управувањето со искористувањето на природните ресурси во сливот на Охридското Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот, како што истакна Ѓоко Зороски од ЕД Грашница, Охрид. Заклучоците се дека, црните еколошки точки на Охридското Езеро како што биле пред 20 години делумно се решени меѓутоа тие остануваат, потенцира Зороски.
„Во однос на загадувањето кое доаѓа од точкести и дифузни извори на загадување се пред се од земјоделието, исто така и од нерешениот проблем со канализациониот систем околку брегот на езерото,односно на населбите кои е се вклучени во колектрскиот систем и на македонска и албанска страна. Посебен проблем претставува внесот на фосфор во езерото, преку земјоделски активности односно неконтролираната и рутинска употреба на минераните ѓубрива потоа внесот на пестицидите, загадувањето со фекални бактерии преку отпадните води, исто така проблеми се и загадувањето на подземни води особена опасност е Струшкото поле бидејќи таму постои депонија на која што неконтролирано се одлага отпадот“– истакна Зороски.
Проблем е и управувачката структура меѓу двете земји, нагласува Зороски. Тој вели дека управите во Македонија и Албанија сеуште не се синхронизирани, а за управувањето со природните ресурси тоа би требало да е така барем за сливот на Охридското Езеро, бидејќи се работи за заеднички еко – систем. Всушнос и европските директиви налагаат формирање на заеднички тела кои ќе го управуваат сливот на езерото. Претставниците на „Еуропарнерс Девелопмент“ од Тирана, велат дека предноста на овој проект е што во негови рамки успеале да се обединат сите релевантни структури од девете страни и да се координираат за поголема заштита на Охридското Езеро.
„Ситуацијата не е лесна, работата е комплицирана. Нашата соработка со локланите партнери е континуирана, на крај како иновација на овој проект изградивме локална група на дејствување за подобро да дојде до имплементација на проектот. Оваа локална група ќе работи како структура која ќе има поддршка од ЕУ, нивниите проекти независно да можат да добијат грантови“ – вели Ентела Пингули – експерт од Албанија.
Проектот „Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридското Езеро како алатка за зачувување и заштита на природните ресурси“ е дел од ИПА-прекугранична програма помеѓу Македонија и Албанија 2007-2013. Како што најави Пингули активностите ќе бидат заокружени на крај од месецов со студиски посети во двете земји. Проектот траеше година и половина за што е изработена и студија за интегрирано управување со сливот на Охридското Езеро во која се сумирани сите препораки од истражувачите кои работеа на тоа што треба да се направи за правилно искористување на ресурсите во сливот на езерото, поточно во областите шуми, води и земјоделство.
{loadposition content9}