Skip to main content

Одбележана 110 годишнината од погибијата на војводата Христо Узунов

Одбележана 110 годишнината од погибијата на војводата Христо Узунов.

 |  Валентина Неловска  | 
hristo uzunov
hristo uzunov

Охрид го одбележува 24 април датумот на погибијата на војводата Христо Узунов. Оваа година се одбележуваат 110 години од неговата херојска смрт во Цер. Христо Узунов и комитите од неговата чета си ги одземаат животите и  не се предваат живи на турискиот аскер.  Денес во спомен куќата на Христо Узунов се одржа историски час за ликот и делото на војводата Узунов. Историчарот, професор Наташа Котлар Трајкова потсети на идеалите и борбатат на војвода кој бил дел од Македонската револуционерна организација чија девиза била Македонија на македонците. Христо Узунов е чедо на македонскиот народ, го познаваме од движењето во охридско-струшкиот регион пред востанието 1903. По востанието Христо Узунов ги надминува локалните  рамки. Тој е војвода на терен, создава одредби и правила кои требало да бидат применети на територијата на целата организациона мрежа, истакна  проф. Наташа Котлар Трајкова.
hristo uzunov
„Христо Узунов е човек кој што ги презре личните  богатства и личната судбина. Се издигна над она што претставува индивидулно и даде печат на македонската револуционерна организација и на македонската револуционерна традиција. Неговото име живееше и во периодот меѓу двете светски војни, особено за времето на НОБ. Секако е најдобар начин да го чествуваме него е да ги следиме неговите обиди и да  ги прифатиме неговите идеали“, кажа Котлар Трајкова.

Историчарката, Котлар Трајкова присутните во неговата спомен куќа која го следеше историскиот час потсети на неговите идеали. За војводата Христо Узунов татковината била пред се.

hu„ Ќе ја искористам неговата реченица со која и се обраќа на својата родена мајка Анастасија, тој е син на втората мајка, татковината Македонија. Она што претставуваше да се гине, а да се постигне, ослободување на македонскиот народ тоа  беше постојано негова водителка и внимаваше сето тоа да е со ангажирање на македонските народни сили,  да не се очекува ослободување од надвор“, кажа Котлар Трајкова.  

24 април денот на погибијата на Христо Узунов Охрид ја чествува два дена.  Покрај историскиот час денес беше промовирана и книгата „Спомени“ од Ангел Узунов,а беше промовиран и експонатот ќесето на Христо Узунов во историската поставка.

{loadposition content9}