Регулаторот на пазарното натпреварување на кинеската провинција Jiangsu која се граничи со Шангај, објави дека го казнува Мерцедес поради противпазарно однесување.
Казната од 56 милиони долари која германскиот производител мора да ја плати досега не е забележана на кинескиот автомобилски пазар. Мерцедес манипулирал со цените на своите E и Ѕ модели на начин што ги фиксирал цените не допуштајќи им на локалните дилери да продаваат поевтино.Освен тоа, се манипулирало и со цените на резервните делови, се наведува во соопштението на кинескиот регулатор.
Кинеската филијала на Мерцедес соопштила дека во потполност ја прифаќа одлуката на регулаторот.
Слични казни, но далеку помали, во автомобилскиот сектор во Кина досега морале да платат Audi и Chrysler, а најголема казна од една милијарда долари во февруари му била изречена на американскиот производител на хардвер Qualcomm.
Како што пишува Bloomberg, дел од аналитичарите, казните од страна на кинескиот регулатор ги толкуваат како желба на кинеската влада во Пекинг присилно да ги спуштат цените на сите добра и услуги во цела низа на сектори.
{loadposition content9}