Утре 39-та седница на Советот на Општина Охрид
Советот на Општина Охрид утре со почеток во 11 часот и 30 минути ќе ја одржи 39-та седница.
На дневен ред ќе се најдат предлог-одлуката за усвојување на програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година.
На оваа издание на седницата на Советот, советниците ќе треба да се произнесат и по предлог-одлуките за усвојување на измените и дополнувањата на развојната програма за изработка на урбанистички планови за Oпштина Охрид во 2015 – 2017 година и за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид.
На дневен ред ќе бидат и тримесечните извештаите за реализација на развојнте општински програми, како и предлог-одлука за давање во закуп на недвижен имот.
Најголемиот дел од предлог-одлуките на наредбата седница на Советот на Општина Охрид се однесуваат на легализација на бесправно-изградените објекти.
{loadposition content9}