Skip to main content

Facebook воведе видео повици во својата Messenger апликација

Паралелно со популарната WhatsApp апликација и Messenger со видео опција

 |  инфодеск  | 

Иако многумина мислат дека Messenger е опција која не ја користат многу луѓе, вистината е сосема поинаква бидејќи оваа апликација која е достапна внатре во Facebook месечно има 600 милиони активни корисници. Секако дека оваа бројка е невозможно да се игнорира, а во Facebook  се свесни дека занемарување на оваа апликација може да биде погубно, затоа константно истата се надоградува. Може ли Facebook со оваа опција да ги загрози Skype, Google Hangouts или Face Time на Apple, кои исто така ја имаат оваа можност за гласовни и видео повици, но факт е дека најпопуларната социјална мрежа на светот мора да има ваква можност, ако ништо друго поради фактот дека на тој начин еден дел од корисниците не мораат да го напуштаат Facebook кога имаат потреба од видео повик.

Посебно интересно е тоа што видео повикот е прилагоден на мрежи кои имаат ниска пропустливост (брзина), па Stan Chudnovsky, шефот на одделот Messenger истакнал дека нивните повици ќе бидат поквалитетни од конкурентските. Дали тоа во пракса функционира така како што вели шефот на одделот Messenger, сепак ќе мора самите да го проверите.

Користењето е многу едноставно директно од chat кликнете на иконата на камера и видео повикот се стартува. Откако повикот е воспоставен, брзо и едноставно можете да се префрлате помеѓу задната и предната камера од вашиот смарт телефон.

Facebook Messenger видео повиците можат да ги користат сите корисници, а дали новата опција ќе донесе раст на корисниците на самиот Messenger ќе дознаеме многу брзо.

{loadposition content9}