Продолжува проектот „Превенција од зависности“
Со плански типизирани предавања, СВР Охрид ја продолжува реализацијата на проектот „Превенција од зависности“.
Со плански типизирани предавања, СВР Охрид ја продолжува реализацијата на проектот „Превенција од зависности“.
Денес, на тема „Борба против дрога“, полициски службеници-едукатори ќе остварат видео презентации и разговори со учениците од основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, утре во подрачното основно училиште во населбата Рача како и во основното училиште „Григор Прличев“. Во текот на оваа недела, слични наменски предавања и видео презентации, СВР Охрид ќе оствари во основното и во подрачното основно училиште „Братство“ во Охрид.
СВР Охрид, преку оделението за превенција во континуитет реализира превентивни едукативни проекти поврзани со борбата против дрога и други облици на зависности и деструктивни појави. Целта е на најмладите пред се, но и на останатите целни групи е да им ги претставиме опасностите од злоупотребата на наркотиците кои негативно влијаат врз младата популација и се сериозна закана за нивното здравје, сигурноста и безбедноста.
Инаку, СВР Охрид во периодот од 2008 до 2012 година го спроведе проектот „Дрога-вистина и заблуди“ што се реализираше со учениците од сите основни и средни училишта во Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Центар Жупа како и со нивните родители. Овој проект инициран од канцеларијата за односи со јавност, беше реализиран со непосредни проактивни контакти како и со видео презентации на македонски, албански и турски јазик. Едукативниот проект „Дрога-вистина и заблуди“ беше презентиран пред околу 25000 ученици и 9000 родители.
{loadposition content9}