OМУ „Методи Патче“ е на врвот на музичките училишта во земјата
Од 22-25.04.2015 г. во Скопје се одржа Државен натпревар на млади музичари 2015, во категориите пијано, виолина, солфеж, хармоника, флејта и кларинет.
Од 22-25.04.2015 г. во Скопје се одржа Државен натпревар на млади музичари 2015, во категориите пијано, виолина, солфеж, хармоника, флејта и кларинет.
Младите музички таленти од Основното Музичко Училиште „Методи Патче“- Охрид освоија 17 први награди од кои 2 специјални први, 3 втори, 4 трети награди и 1 диплома за учество.
Уште еднаш се потврди дека OМУ „Методи Патче“ е на врвот на музичките училишта во Р. Македонија, учениците го поседуваат талентот, имаат желба да работат, а нивните ментори несебично вложуваат во нив и секако успехот е неизбежен.
Кристина Љушкоска –флејта и Џеврије Туле-пијано со освоени Први специјални награди ќе учествуваат на вечерашниот концерт во Факултетот за музичка уметност во Скопје како најдобри учесници на натпреварот.
{loadposition content9}