Цената на барел нафта на меѓународните пазари се намали под притисокот на прекумерната понуда и неочекуваната промена во редот за наследство во Саудијска Арабија.
На лондонската берза цената на барел нафта падна за 44 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 64,2 долари, додека на американските берзи барел нафта се тргуваше по 50 центи пониска цена, од 56,56 долари.
Кралот на Саудијска Арабија вчера го смени престолонаследникот и помлад полубрат, принцот Mukrin и на негово место го постави министерот за внатрешни работи Muhamed ben Najef кој досега беше втор во редот по наследството, објави кралската палата. Со указот се прецизира дека принцот Muhamed ben Najef е именуван за престолонаследник како и за заменик премиер. Именувани се и неколку други министри.
Промените во Саудијска Арабија влијаеа на цената на нафтата, имајќи ја во предвид стабилноста на најголемиот светски извозник на нафта на глобално ниво.
Трговците и аналитичарите изјавуваат дека не им е јасно како саудиската нафтена политика може да влијае на промените кога во исто време пазарот е пренатрупан со понуда на нафта и се соочува со сезонско намалување на побарувачката.
“Понудата брзо расте, а високите резерви веројатно ќе бидат тег на цените уште некое време”, наведуваат аналитичари од Barclays и додаваат дека дополнително намалување може да допринесе и успорувањето на економскиот раст на глобално ниво.
{loadposition content9}