Skip to main content

Населбата Даљан ќе добие урбани содржини

Населбата Даљан ќе добие урбани содржини.

 |  Валентина Неловска  | 
воска
воска

Населбата Даљан градена некаде во 70 години од минатиот век, на северозападното крајбрежје од Охридското езеро,  има потреба од повеќе урбани содржини. Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека калсичен плоштад  не е планиран да се гради , но најавува зафати за урбано средување на населбата.  

воска„Мини плошатд не е предвиден. Но, е предвидено комбинирано спортско игралиште за баскет со детски реквизити, да се уреди и осветли , фонатна и дел за рекерација  за  мешатните кои живеат тука. Класичен плоштад не е планиран. Но не значи дека во иднина ако стручниет службиод урбанизам најдат локација и се обезбедат средства и  жителите побараат не значи дека нема да го реализираме“, вели Бакрачески.


Жителите од Даљан велат дека населбата е запоставена иако има атрактивна местополжба. Проблемите на жителите се од најразличен вид, информира и претседателот на УЗ 4 Воска, Горан Митрески.  

даљан„Нема училиште по стандарди, нема дестка градинка иако во населбата живеат  околу 3000 жители, Иамме проблем со улиците некаде се оштетени некаде не се довршени со тротоари.Основен проблем се нефункционалниот колекторски систем и запушетноста на некогашното одморалиште  кои прават штета и го уништуваат карјбрежјето за кое неселението е многу приврзано“, вели Митрески.  

Според Градоначалникот, планирано е средување на овој дел од крајбрежјето за што во овој момент се изработува урбанистичко планска документација.  На  потегот од реката Грашница па се до извидничкиот камп се планирани хотелски и помошни туристички објекти, информира Бакрачески.  Ќе се реконструираат и 5 улици во населбите Воска и Даљан а вчера започна изградба на нова атмосверска канализација која што е еден од најголемите проблеми на граѓаните на населба Даљан.

{loadposition content9}