Забрана за риболов на крап и клен
Од 1.05. 2015 е забранет риболов на крапот и кленот во водите на Охридското Езеро.
Од 1.05. 2015 е забранет риболов на крапот и кленот во водите на Охридското Езеро.
Забраната за риболов на кленот и крапот започнува денес, а ќе трае се’ до крајот на месецов, 31-ви мај.
Се информираат сите спортски риболовци, дека продолжуваат забраните за риболов за останатите видови риби, и тоа:
– тече забраната за видот на риба писа, која започна на 15-ти април, се’ до 15-ти мај.
– за скобуст важи забраната за риболов за ист термин од 15-ти април, до 15-ти мај
– црна мрена забраната ќе започне од 15-ти овој месец, се’ до 15-ти јуни годинава.
На сливот на Охридското Езеро и акумулацијата „Требениште“, концесионер е ЗРРСК „Свети Апостол“ – Петар од Охрид.
На акумулацијата „Слатино“, пак, има целосна забрана за риболов за сите видови на риби со крајот на годинава.
{loadposition content9}