Skip to main content

Лагадинци не сакаат медитеранска плажа

Лагадинци не сакаат медитеранска плажа.

 |  Валентина Неловска  | 

Лагадинци против медитеранска плажа. До Локалната самоуправа, Владата и  Министерството за транспорт и врски доставија петиција во која велат НЕ за овој  проект, информира Илина Арсова жител на Лагадин. Повеќе од стотина жители од оваа елитна туристичка населба ставија потпис на петицијата  со која се противат на како што велат мегаломаснкиот проект со палми. Наведуваат дека со таквиот проект  продоложува започната девастација на крајбрежјето. Со тоа ќе се направи непоправлива катастрофа за идните генерации, вели и Наум Димиторовски жител на Лагадин. Владата можеби презема чекори со добра намера за туризмот, но при тоа не се почитуваат  најелементарните еколошки услови. Со сечењето на трската и навлегувањето во литоралниот дел од езерско крајбрежје на 15 метри ќе се уништи единствената  фауна во езерото, напоменува  Димитровски.  
„ На плажата ќе има шанкови, а тука има хотели, куќи. Тие кои доаѓаат тука бараат мир, а не сакаат бучна музика и околина. Со тоа решение не еопфатено паркирањето. Се прашувам каде ќе паркираат сите тие посетители со оглед дека патеката е на 3-4 метри од брегот, каде ќе паркираат на плажата  сосема е нејасно“, посочува Димитровски.
Лагдинци се надеваат дека институциите ќе ги земат во предвид нивните укажувања. Димитровски додава дека  странските гости најчесто доаѓаат за прошетки покрај езерото , во мирна и негибната природа а најмалку  за капење и за вакви плажи  кои сакаат да ги прават.

„ Некој попаметни луѓе веројатно би воделе сметка за пејзажните вредности, за амбиентот за автентичната фауна која вирее овде, а би требало покрај брегот, на потегот Пештани – Охрид да има рекреативна патека  по која ќе возат велосипеди. Гледаме по 100-тина велосипедисти странски гости од Холандија како  изнајмуваат велосипеди и возат на сопствен ризик. Нема каде да протегнеш нозе“, подвлекува Димитровски.  

lagИзградбата на  Медитеранската плажа е проект на Владата. Нејзиното градење е планирано помеѓу хотелот Два Бисери и кампот Елешец во должина од  500 метри. На потегот  предвидени се повеќе содржини: почнувајќи од сервисниот пункт, два шанка, два објекта со тоалети, тушеви и гардероби, објекти за сместување на лежалки и чадори, игралишта за деца, спортски терени за фудбал и одбојка на песок, две платформи во вода, два мола за прифаќање на чамци, педалини и други пловни објекти.По целата должина на плажата ќе бидат посадени палми кои треба да го донесат духот на медитеранот. Министерството за транспорт ќе почне да ја уредува плажата во Лагадин кон средината на овој месец . Проектот чини 75 милиони денари, а плажата треба да биде готова во август летово.