Сведоци сме дека излегувањето на flagship паметните телефони секоја година носат мноштво на новитети и секој производител претставува нешто поразлично од претходниот модел што ќе го разликува од конкуренцијата.
Така и овој пат е во случајот со Samsung и неговата нова Galaxy S линија. Спрема пишувањата на PcWorld.com, актуелниот модел предизвика голема медиумска прашина и пред почетокот на неговата продажба. Почетните резултати на продажбата ги оборија сите рекорди во кратко време, но сепак, за да не биде сѐ како што треба се погрижи неговата работна меморија (RAM 3GB). Токму поради тие 3 GB кои го красат Samsung Galaxy S6 се причина за успорената работа на уредот. Имено, неговото недоволно конципирање во работата со апликациите, т.е. ресурсите, е причина уредот во некои прилики да работи изнимно успорено.
Популарниот форум xda-developers.com е преполн со коментари (критики) од незадоволни корисници на Galaxy S6.
Дека не станува збор за измислени приказни потврдува и филијалата на Samsung во велика Британија која преку својата Facebook страница објавила дека се работи на помала надоградба која наскоро ќе ја прати до сите корисници на уредот Galaxy S6. Надоградбата која е наречена ОТА наводно би требала да го реши проблемот со работата на RAM меморијата. Од друга страна Samsung се огради во соопштението и изјави дека при изработка на нови модели недостатоците се неизбежни, па затоа и следуваат надоградби по пуштањето во производство.
Оваа приказна потсетува на поранешниот случај кога се коментираше за Samsung Galaxy III дека (не) треба да добие Android 5.0 Lollipop. И тогаш стануваше збор за недоволната RAM меморија од 1GB.
{loadposition content9}